Во Астон Мартин убедени дека нивниот болид има голем потенцијал

Главниот инженер на Формула 1 тимот Астон Мартин, Мајк Крак, ги оцени перформансите на болидот за претстојната сезона.

– Имаме нов автомобил, нова технологија и нов партнер. Нè очекува многу работа, а за време на тестирањето моравме да прифатиме дека не сме на нивото на нашите ривали. Но, нашиот автомобил има голем потенцијал, па затоа треба да работиме за да го разработиме, изјави Крак за „Аутоспорт“.

По три дена тестирање пред сезоната во Формула 1, возачите на тимот, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, завршија на последните, 21. и 22. место.

Следните тестови на Формула 1 ќе се одржат во Бахреин од 18 до 20 февруари.

Првата рунда од сезоната 2026 ќе се одржи во Австралија од 6 до 8 март.

Фото: MИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО