Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше ремито 2:2 со Наполи во гостувањето синоќа во 25. коло од Италијанското фудбалско првенство.
– Штета што резултатот испадна ваков. Честопати завршуваме со млади играчи во нападот. Тие треба да растат и да добијат време за игра. Имаат свежина и енергија. Можевме подобро да ги завршиме одредени шанси. Мален? Отсекогаш сум бил негов голем обожавател. Тој ги има најдобрите квалитети за напаѓач, разноврсен е, брз, знае како да се поврзе со своите соиграчи и има многу добар шут кон голот. На овој тим му е потребен напаѓач како него. Тој постигнува голови многу често. Секогаш може да се подобри. Ако можевме да ги вратиме и Дибала и Суле, кој беше лесно повреден, ќе бевме уште поконкурентни. Со Мален, ќе освоевме уште неколку бодови од почетокот на сезоната, но тимот се подобри. Работите одат подобро во втората половина од сезоната. Ремизиравме со Милан и Наполи. Разочарувачки е бевме многу блиску до победа во овие два натпревара, изјави Гасперини за DAZN.
Рома има 47 бода во 25 натпревари и е на четвртото место на табелата во италијанското првенство.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: