Натпреварувачките на Холандија ги освоија првите две места во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање на ЗОИ Милано Кортина. Најдобар резултат оствари првата фаворитка Јута Лердам, која патеката ја мина за 1:12.31 минута што е нов олимписки рекорд. Второто место и припадна на нејзината сонародничка Фемке Кок, која имаше заостанување од 28 стотинки.
Олимписката шампионка од Пекинг јапонската лизгачка Михо Такаги го освои бронзениот медал со заостанување од 1.64 секунда зад победничката.
Со овие два медала Холандија се запиша на листата на држави освојувачки на медали на ЗОИ 2026 во Милано Кортина.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: