По голема борба и меч во пет сета Карлос Алкараз со 3:2 во сетови го совлада Александер Зверев во најдолгиот полуфинален меч на Австралија опен.
– Верував во себе постојано. Мора да верувате во себе, дури кога ќе имате проблеми. Имав проблеми за време на третиот сет, но се извлеков. Ова беше физички најтешкиот меч што го имам играно. Се борев буквално за секоја топка. Зверев беше неверојатен, но најдов начин да победам. Има време за финалето, сега уживам во оваа победа, изјави Шпанецот по мечот.
Во финалето Алкараз ќе игра со победникот од мечот Јаник Синер – Новак Ѓоковиќ што е во тек.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: