Првиот носител на Австралија опен Шпанецот Карлос Алкараз успеа да се избори за своето прво финале откако по речиси 5,5 часа игра го совлада со 3:2 во сетови Германецот Александер Зверев. Ова беше најдолгото полуфинале во кое три сета завршија во тајбрејк, а Зверев испушти шанса за триумф откако сервираше за победа.
Алкараз поведе со 2:0 во сетови откако ги доби првите два со 6:4 и 7:6 (5), пресврт се случи во третиот сет кога Зверев намали со 2:1 добивајќи го сетот со 7:6 (3). Во третиот и четвртиот сет Алкараз имаше и здравствени проблеми (повраќање и доби масажа од физиотерапевт). Тоа го искористи Зверев и го доби четвртиот сет во тајбрејк со 7:6 (4). Во решавачкиот сет Зверев направи брејк и имаше постојано предност и во десеттиот гем сервираше за победа, но Алкараз успеа од изгубена позиција и негатива од 4:5 да ги добие следните три гема и со тоа сетот 7:5 и мечот.
Во второто полуфинале ќе играат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: