Ракометарите на Швајцарија и Унгарија одиграа нерешено вечерва во Малме 29:29 (20:14), во натпревар од првото коло од Групата 2 во рамки на главната од Европското првенство.
Најефикасен во швајцарската селекција беше Лени Рубин со седум голови, додека Унгарците ги предводеше Миклош Роста со пет голови.
Претходно денеска во оваа група, Хрватска го победи Исланд со 30:29 (19:15), а од 20:30 часот ќе играат домаќинот Шведска и Словенија.
ФОТО: ЕПА