Вардаровиот играч и полски репрезентативец доби казна од два натпревара

Полскиот репрезентативец и играч на Вардар Виктор Јанковски, кој на вчерашниот дуел со Унгарија беше дисквалификуван во 34.минута со одлука на Дисциплинската комисија беше санкциониран. Тој нема да има право на настап на два натпревара, поради што неговото дејство било неодговорно и опасно.

Јанковски нема право да ги игра следните два натпревари од ЕХФ ЕУРО 2026: Полска против Исланд на 18 јануари 2026 година и Полска против Италија на 20 јануари 2026 година.

Полската федерација има право на жалба до вечерва до 20 часот, но нема никаков ефект на суспензија против оваа одлука.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО