Манчестер е „црвен“, Јунајтед го доби дербито со Сити

Првиот дуел од 22.коло од Премиер лигата заврши со победа на Манчестер Јунајтед со 2:0 во „дербито на Манчестер“ против Манчестер Сити. Ова воедно беше и деби натпревар на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Мајкл Керик.

Манчестер Јунајтед беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, а откако во првиот дел пропушти неколку шанси и им беа поништени и два гола поради офсајд позиција. Во вториот дел домашната екипа ги реализираше своите шанси.

Водечкиот гол во 65.минута го постигна Брајан Мбеумо (репрезентативец Камерун), кој се врати од АФКОН и го постигна седмиот гол за својата екипа сезонава. На 2:0 единаесет минути подоцна конечните 2:0 ги постави Патрик Долгу.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед со натпревар повеќе се проби на четвртото место со 35 бодови, колку што има и Ливерпул, додека по поразот Манчестер Сити остана на втората позиција со 43 бодови или шест помалку од Арсенал. мн/

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО