Кузмановски: Најважно е да немаме осцилации во нашата игра

Ден одмор за македонските ракометари, но обврските кон јавноста и новинарите се нешто што мора да се „одработи“. Капитенот на репрезентацијата Филип Кузмановски имаше свое видување за дуелот со Данска што измина, но и за тој што следи со Португалија.

–  Португалија е селекција со која може да „играме“ и да се обидеме да ја победиме. Најважно е да немаме осцилации во нашата игра и приоритет треба да биде нашата одбрана и да напаѓаат на наша поставена зона и да се обидеме да победиме. Португалија игра слично како Данска, со транзиција, брз центар. Се подготвувавме за Европското, но јасно ни е дека Португалија и Романија се дуелите на кои треба да победиме. Пред сè најважно е да отвориме квалитетно и така да ги одиграме сите 60 минути, со што би ги исфрлиле од ритам, изјави капитенот Кузмановски.

Ова ќе биде 11.ти натпревар меѓу овие две репрезентации, сите досегашни десет се одиграни како дел од квалификациите за ЕП (Португалија има шест победи, а македонскиот тим четири), а ова е прв дуел на големо натпреварување.

Фото: РФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО