Екипата на Еспањол слободно може да се каже дека направи голем кикс вечерва во рамките од новото коло во Примера шампионатот. Загуби на свој терен од тимот на Џирона со 0:2, и со тоа загуби може да се каже планирани бодови.
Неуспехот на домаќинот на овој меч го најави Ванат кој што погоди од пенал во судиското продолжение од првиот дел.
Да биде иронијата поголема, истиот играч на истиот начин погоди и во судиското продолжение од вториот дел, за конечни 0:2.
Еспањол сега е петти со 34. бода, додека пак Џирона е деветта со 24.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: