Брајтон ја заврши серијата од шест натпревари без победа

Брајтон го победи Барнли со 2:0 во домашниот натпревар од 20. коло од англиската Премиер лига.

Џорџињо Рутер го отвори резултатот во 29. минута, Јасин Ајари го постави конечниот резултат во 47. минута.

Брајтон ја прекина серијата од шест натпревари без победа и се искачи на осмото место на табелата во Премиер лигата со 28 бода.

Барнли остана на 12 бода и е на претпоследното место, 19-то. Тимот нема победа во последните 11 натпревари.

Во паралелен натпревар, Вулверхемптон Вондерерс попладнево го победија Вест Хем со 3-0. „Чеканите“ се на 18. место во англиската Премиер лига со 14 бода, додека „Вулверхемптон“ се на дното на табелата со 6 бода.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО