Манчестер Сити во следните неколку денови ќе добие големо засилување, играч кој е мета и на други клубови (Ливерпул и Манчестер Јунајтед). Станува збор за играчот на Борнмут Антоан Семењо.
Се очекува договорот за трансфер да биде реализиран во првите денови од преодниот рок. Трансферот треба да чини 72 милиони евра.
Семењо на 18-те натпревари досега има постигнато девет голови и четири асистенции и во моментов е трет стрелец во Премиер лигата.
Семењо најверојатно последниот натпревар за својот тим Борнмут ќе го одигра утре (сабота) против Арсенал, директниот конкурент на Манчестер Сити во борбата за титулата.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: