Лидерот на Премиер лигата Арсенал во најтешкиот период од сезоната се соочува со проблем – отсуството на еден од најдобрите играчи Деклан Рајс. Репрезентативецот на Англија имал лекарски прегледи по дуелот со Брајтон и засега не е позната природата на неговата повреда. Се очекува негово отсуство од неколку дена, но густиот распоред може да значи и неколку натпревари.
Тој веќе го прескокна дуелот од 19.коло против Астон Вила на домашен терен, кој неговата екипа го доби со 4:1, а неговиот тим следниот натпревар го игра во сабота на 3.јануари во 18:30 часот.
Неговото отсуство за екипата на Арсенал, може да претставува на дербито со Ливерпул кое се игра на 8.јануари на „Емирати“.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: