Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги сумираше впечатоците за постигнатото во 2025 година.
„Топчиите“ синоќа ја победија Астон вила со 4:1 во 19. коло од Премиер лигата.
– Годинава беше одлична и лично и професионално. Начинот на кој овие играчи, Арсенал и персоналот ме тераат да уживам во мојата работа секој ден е фантастичен. Знаеме што сакаме во 2026 година. Ќе мора да работиме навистина напорно за тоа секој ден, но мислам дека сме на вистинскиот пат, изјави Артета за „Би-би-си“.
Арсенал има 45 бода и е на врвот на табелата во Премиер лигата, пет пред Манчестер сити со 40 бода и натпревар помалку.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: