Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) има намера да разгледа измени во правилата за офсајд на состанок во Лондон на 20 јануари, објави „AS“.
Доколку бидат усвоени, правилата ќе стапат на сила од сезоната 2026/27.
Промените ги иницираше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА. Тој предложи офсајд да се суди само ако целото тело на играчот што може да постигне гол, е пред линијата на претпоследниот одбранбен играч.
Во моментов, офсајд позиција во фудбалот се утврдува ако кој било дел од телото на напаѓачот што може да постигне гол е поблиску до голот на противникот од претпоследниот одбранбен играч, вклучувајќи го и голманот, во моментот на додавањето.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: