Селекторот Седлоски ги избра помошниците

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари.

Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација.

Дел од стручниот штаб ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија, додека за тренер на голмани е именуван Гого Јовчев.

Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Гоце Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на стручниот тим.

Фото: ФФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО