Кошаркарите на Феникс како последен тим успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ откако вечерва го совладаа Чаир на негов терен со 83:79. На овој начин Феникс му се реваншираше на тимот на Чаир за поразот во првенството пред неколку денови.
Екипата на Феникс заслужено дојде до триумфот пред сè откако ги доби првите три четвртини.
На вториот осминафинален дуел од Купот одигран денеска Маџари убедливо го совлада Гостивар со 82:59.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ – ОСМИНАФИНАЛЕ
Работнички – Тиквеш Голден Игл 92:73
МКК Куманово – Ангели 95:65
Маџари – Гостивар 82:59
Чаир 2030 – Феникс 2010 79:83
По комплетирањето на осминафиналните натпревари познати и се и четвртфиналните двојки: ТФТ – Феникс 2010, МЗТ Скопје Аеродром – Работнички, Кожув – Маџари и Пелистер – МКК Куманово.
Завршницата на Купот ќе се игра во февруари следната година, а дополнително ќе биде одредено местото на одигрување.
Фото: Фејсбук Феникс 2010
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: