Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос изјави денеска дека Дејвид Бекам е најдобриот играч со кој играл во текот на кариерата.
Роберто Карлос и Бекам своевремено играа заедно во Реал Мадрид, а англискиот фудбалер од 2003 до 2007 година постигна 20 голови и додаде 52 асистенции за шпанскиот клуб, освојувајќи го првенството и Суперкупот.
За време на својата успешна кариера, Роберто Карлос играше со легендарни играчи како Роналдо и Роналдињо, но одговарајќи на прашање кој е неговиот најдобар соиграч, го наведе Бекам.
„Зидан беше врвен, но Бекам беше најдобар на тренинзите и најдобриот на натпреварите. Постојано трчаше и правеше неверојатни додавања. Играше со сето свое срце“, рече Карлос гостувајќи во поткаст.
„Без оглед на тоа што луѓето велат за Роналдо, Зидан, Раул, Луис Фиго, според мене, Бекам беше најконстантен и најдобар“, додаде поранешниот бразилски репрезентативец.
ФОТО: Архива
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: