Менаџерот на Ливерпул Арне Слот една од причините за лошиот пласман на табелата ја најде во слабата игра на екипата по прекините. Од стартот на сезоната Ливерпул од прекини има постигнато само три голови, а по слободни удари, корнери и центаршутеви има примено дури 11 голови.
Податокот е фрустрирачки за „црвените“ и Слот тука ја „бара“ причината зошто екипата не е подобро пласирана и има лоша гол-разлика.
– Невозможно е да бидеме во ТОП 4 или во првите пет екипи на табелата, со ваков ефект по прекини, а да не зборувам за борба за титула. На пример Челзи имаат +8 по прекини, Арсенал и Манчестер Јунајтед по +10. Но, да не заборавиме дека сме најдобра по бројот на создадени шанси, изјави Слот.
Ливерпул во сабота игра против последнопласираниот тим во Премиер лигата Вулверхемптон.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: