Шампионот Ливерпул без осум фудбалери на саботниот дуел од Премиер лигата

Во сериозни проблеми се наоѓа менаџерот на Ливерпул Арне Слот во пресрет на дуелот од Премиер лигата со последнопласираниот Вулверхемптон во сабота на „Енфилд“. По серијата слаби резултати „црвените“ сега имаат шест натпревари без пораз (четири победи и два нерешени дуела).

Но, саботниот дуел со Вулверхемптон ќе биде вистински предизвик бидејќи Слот нема да може да смета на осум фудбалери. На листата на повредени се Конор Бредли (шанси да игра се 50-50), Коди Гакпо, Александер Исак, Џо Гомез, Ватару Ендо, Џовани Леони (сите повредени), Доминик Собослај (суспензија жолти картони) и Мохамед Салах (со Египет учествува на АФКОН).

Единствено на расплагање би требало да биде Флориан Вирц, иако и тој имаше помала повреда.

Во секој случај дуелите со Вулверхемптон и Лидс (следното коло на 1.јануари) ќе бидат вистински тест за првакот пред двете гостувања во Лондон, кај Фулам (4.јануари) и во дербито против Арсенал (8.јануари).

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО