Претставници на Кошаркарската федерација на Македонија одржаа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа. Од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски.
На состанокот беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, која беше оценета како успешна и континуирана. Притоа беа анализирани позитивните практики и квалитетните облици на соработка реализирани во изминатиот период.
Посебен акцент беше ставен на потребата од понатамошно унапредување на односите и вложување заеднички напори за усогласување на актите и регулативите на ФИБА со актите и внатрешните прописи на Кошаркарската федерација на Македонија, со цел подобрување на функционалноста, транспарентноста и усогласеноста во работењето.
Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката и во наредниот период, во интерес на развојот на кошарката и унапредувањето на организациските и спортските стандарди.
Кошаркарската федерација на Македонија ќе продолжи активно да соработува со ФИБА Европа и да работи на имплементација на договорените насоки и препораки.
Фото: МКФ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: