Салах им се извини на играчите на Ливерпул

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс, изјави дека напаѓачот Мохамед Салах им се извинил на своите соиграчи за неговото интервју во кое ги критикувал клубот и менаџерот Арне Слот по ремито 3:3 со Лидс.

– Мо е свој човек и може да го каже она што го мисли. Ни се извини и рече: „Ако сум навредил некого или сум направил некого да се чувствува непријатно, се извинувам.“ Таква личност е тој. Можам да зборувам само од она што го знам за Мо, како се однесува кон нас и како се однесуваше. Беше позитивен. Мислам дека тоа е само дел од желбата да се биде победник, изјави Џонс за „Скај Спортс“.

Триесет и тригодишниот Египќанец беше изоставен од составот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер на 9 декември. Играчот го обвини клубот за предавство и дека неговиот однос со Слот се влошил.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО