Шкендија се пласираше во плејофот во Лигата на конференции

Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК од1-0 (0-0) во завршното шесто коло од групната фаза.

Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, што на крајот беше доволно да обезбеди продолжување напролет на својот настап во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Фудбалерите на Шкендија добро го започнаа натпреварот на гостувањето во Ларнака, одржувајќи го почетниот резултатот по првите 45 минути.

На почетокот на второто полувреме Љатифи беше исклучен поради груб прекршок, а предноста од фудбалер повеќе на теренот кипарскиот домаќин ја искористи во 83. минута кога со голот на Ангиелски обезбеди победа.

Жрепката за плејофот во која ќе се најдат екипите пласирани од 9. до 24. место е закажана за 16. јануари во Нион. Првите натпревари се на програмата на 19 февруари, а реваншите една недела подоцна.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО