На повидок голема размена помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед

Два европски фудбалски гиганти, Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, би можеле да реализираат голема размена на играчи во наредниот преоден рок. Според информациите кои кружат во медиумите, францускиот клуб е заинтересиран за потписот на Маркус Рашфорд, додека „црвените ѓаволи“ внимателно ја следат ситуацијата со младиот крилен фудбалер Бредли Баркола.

ПСЖ во изминатиот период покажа потреба од засилување во офанзивната линија, особено по заминувањето на неколку клучни играчи, а Рашфорд се смета за фудбалер кој би можел веднаш да направи разлика во Лига 1 и во Лигата на шампионите. Темпото, дриблингот и способноста да постигнува голови го прават идеален кандидат за напаѓачкиот ред на парижани.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед бара подмладување и зголемување на конкуренцијата на крилните позиции, а Баркола е фудбалер кој се вклопува во профилот што клубот го посакува. Станува збор за еден од најперспективните француски играчи, кој иако нема статус на стандарден првотимец во ПСЖ, веќе покажа дека поседува огромен потенцијал.

Засега нема официјална понуда, но се споменува можноста за директна размена, со потенцијално вклучување и на одредена сума на пари како дополнување на договорот. Преговорите, според медиумите, се наоѓаат во почетна фаза.

Доколку ваков трансфер навистина се реализира, тоа би бил еден од најголемите и најинтересни потези на летото, кој сериозно би влијаел на амбициите на двата клуби за наредната сезона.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО