Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами го повреди коленото за време на тренингот во американскиот скијачки центар Копер Маунтин, поради што се очекува да се врати во татковината.
– Првичните прегледи на самото место укажуваат на повреда на левото колено“, Скијачката федерација на Швајцарија, додавајќи дека 34-годишната скијачка ќе се врати во Швајцарија на „дополнителни медицински прегледи.
Гут-Бехрами требаше да настапи во супер- велеслаломот во Копер Маунтин на 29 ноември. Швајцарката на почетокот на зимата објави дека ова ќе биде нејзината последна сезона во кариерата.
Швајцарската скијачка има 48 победи во Светскиот куп во три дисциплини, што ја прави една од најуспешните скијачки на сите времиња.
ФОТО: Архива
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: