Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе нов пораз во квалификациската група откако попладнево во Битола загубија од Полска со 1:0. Дождливото време и тешкиот терен беа пречка за двете репрезентации.
Ова за избраниците на селекторот Горан Станиќ беше петти пораз во групата во шестиот натпревар, додека нашиот денешен ривал Полска е лидер со максимален ефект – 18 бодови.
Единствениот гол на дуелот го постигна Филип Кочаба во 33.минута. Македонскиот состав дуелот го заврши со десет играчи бидејќи поради два жолти картона (црвен) беше исклучен Андрија Димески.
На денешните дуели од групата: Шведска ја совлада Ерменија со како гостин со 1:0, а во тек е дуелот Црна Гора и Италија.
Фото: ФФМ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: