По победата во претходното коло во Лигата на шампионите пред своите навивачи ракометарите на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги очекува нов натпревар против истиот ривал ПИК Сегед, но на негов терен. На дуелот во Битола во неизвесна завршница „битолчани“ стигнаа до втората победа во групата.
– Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко од првиот натпревар, тоа е сигурно. Добро е што полека се враќаме после сите оние потешки повреди на стартот од сезоната. Тимот е скоро комплетен и ќе можеме да имаме поширока ротација. ПИК Сегед исто така се мачеше со одредени повреди, ќе видиме што ќе се случи. Имаме голем простор за уште поголем напредок. Сега се фокусираме само на следниот натпревар. Ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во втората рунда, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер Рубен Гарабаја.
Натпреварот ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер се игра во четврток со почеток од 18:45 часот.
Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: