Италијанската машка тениска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за финалето на Дејвис купот, кое ќе се игра во Болоња следната недела, откако по Јаник Синер, настапот го откажа и Лоренцо Мусети.
Синер и Мусети, во моментов рангирани на второто и деветтото место во светот, лани ѝ ја донесоа титулата на Италија.
Сепак, Синер пред две недели објави дека ќе го прескокне овогодишното финале, а денеска за италијанскиот тренер Филипо Воландри дојде нов непријатен удар по откажувањето на Мусети.
На местото на Мусети во италијанскиот состав е повикан Лоренцо Сонего (АТП. – 45), кој ќе настапи заедно со Флавио Коболи и Матео Беретини во поединечна конкуренција и Андреа Вавасори и Симоне Болели во двојки.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: