ФИФА воведува ново признание, Награда за мир

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека воведува ново признание, насловено „Награда за мир“, која премиерно ќе биде доделена на 5 декември во Вашингтон за време на жрепката за Светското првенство 2026.

Како што е соопштение, наградата ќе „препознава исклучителни достигнувања и дела во служба на мирот“.

– Во свет кој е сè понестабилен и поделен, важно е да се истакнат оние кои придонесуваат за прекинување на конфликтите и зближување на луѓето во духот на мирот, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

ФИФА објави дека наградата ќе се доделува секоја година „во име на навивачите ширум светот“, а оваа година ќе ја врачи Инфaнтино.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО