Милан со гол на Павловиќ и одбрана на Мењан ја совлада Рома

Милан запиша вредна победа на „Сан Сиро“, совладувајќи ја Рома со минимални 1:0 во дербито на 10. коло од Серија А.

Херој на „росонерите“ беше Страхиња Павловиќ, кој во 39. минута успеа да ја затресе мрежата на гостите по одлична акција која ја започна Рафа Леао. Српскиот дефанзивец го искористи невниманието во одбраната на Рома и со прецизен удар му донесе предност на Милан.

Во вториот дел, Рома се обиде да се врати во натпреварот и имаше шанса да израмни во 82. минута, но Мајк Мењан го одбрани ударот од белата точка на Пауло Дибала, спасувајќи ги трите бода за својот тим.

Со овој триумф, Милан се израмни по број на бодови со Интер и Рома на табелата, додека Наполи останува лидер во Серија А.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО