Навивачите на Партизан сè уште не можат да поверуваат во тоа што се случи во завршницата на натпреварот против Барселона во Евролигата.
Американецот Вил Клајбурн погоди неверојатна тројка од речиси половина терен и на тој начин донесе драматична победа за каталонците со резултат 78:76.
Домашниот тим имаше шанса да го реши мечот, но по промашеното полагање на Стерлинг Браун, топката заврши кај Клајбурн, кој без размислување испрати „бомба“ која заврши право во кошот — потег што ја шокираше салата во Белград.
Со овој пораз, Партизан го запиша третиот по ред неуспех во Евролигата, додека Барселона останува во самиот врв на табелата.
Клајбурн, кој претходно промаши две слободни фрлања, стана херој на вечерта и ѕвезда на социјалните мрежи, каде снимката од неговата тројка веќе стана вистински хит.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:ICE COLD WILL🧊
What a three to claim the win for @FCBbasket 😱#MotorolaMagicMoment @Moto pic.twitter.com/fVGYGMHwrb
— EuroLeague (@EuroLeague) October 31, 2025