Младиот фудбалер Василије Костов официјално го продолжи договорот со белградска Црвена звезда до 2028 година. Тимот од „Маракана“ со ова покажува дека сериозно смета на талентираниот играч, кој израсна во нивната академија и веќе е стандарден во првиот тим.
Иако за него имаше интерес од неколку европски клубови, раководството на Звезда јасно стави до знаење дека ќе преговара само за износ од најмалку 20 милиони евра.
– Голема чест е да го продолжам договорот со ваков голем клуб. Ова е само дополнителен мотив да играм уште подобро. Се чувствувам ценет и поддржан од тренерите и клубот, и се надевам дека ќе ја оправдам довербата, изјави Костов по потпишувањето.
Иако има македонско потекло, Костов веќе настапи за сениорската репрезентација на Србија, со што дефинитивно нема право да игра за Македонија.
Со новиот договор, Црвена звезда го обезбедува својот најперспективен млад фудбалер, а навивачите очекуваат тој да продолжи со одличните партии и во следните сезони.