Младиот британски возач Оливер Берман блесна на Големата награда на Мексико, освојувајќи го најдобриот пласман во својата кариера — четвртото место. Тој стартуваше од деветтата позиција и напредуваше за три места, а потоа храбро го престигна актуелниот шампион Макс Ферстапен, што беше клучен момент во неговата трка. Поради казна од 10 секунди за Луис Хамилтон, Берман се искачи на третото место, но не успеа да се задржи на подиумот поради стратегијата на Ферстапен со едно запирање. Сепак, тој успеа да одолее на нападите од Оскар Пјастри, Кими Антонели и Џорџ Расел во финишот.
– По трката, Берман изјави дека се чувствувал „пос.ав“ кога се нашол до Ферстапен:Луис и Макс се бореа и јас имав корист од тоа. Искрено, се пос.ав во тој момент кога се најдов до Макс, но беше навистина кул да бидам во таа позиција со луѓе што ги гледам откако гледам Формула 1. И потоа го имав во ретровизорот долго време — најголемиот притисок што некогаш сум го имал во трките.
Тој додаде дека оваа трка му дала одлично чувство за иднината и се надева дека во иднина ќе стане нормална работа да се бори со најдобрите.
Берман моментално се наоѓа на 13-то место во генералниот пласман со 32 поени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: