Арсен Венгер ќе успее во намерата – се менува правилото за офсајд

Фудбалот наскоро би можел да добие ново правило за офсајд, благодарение на иницијативата на легендарниот менаџер Арсен Венгер.

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) повторно го разгледува предлогот на Венгер, кој предвидува значителна промена во толкувањето на офсајд позицијата.

Според неговата идеја, играч нема да биде во офсајд доколку барем дел од неговото тело, со кое може да се постигне гол, е во иста линија со последниот дефанзивец. Со други зборови, офсајд ќе се свири само ако целото тело на напаѓачот е пред линијата на одбраната.

Оваа промена има за цел да ја олесни работата на судиите и да поттикне поофанзивен фудбал, со повеќе голови и помалку контроверзии околу милиметарски офсајди.

Судискиот комитет на IFAB, составен од 23 фудбалери и 11 судии, ќе го разгледа предлогот на следниот годишен состанок. Доколку биде усвоен, новото правило ќе влезе во тест-фаза на помали натпреварувања и турнири, пред да стане официјално дел од фудбалските правила.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО