Екипата на МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над Феникс во последниот натпревар од 2.коло на Супер лига.
На натпревар одигран во СЦ ,, Јане Сандански” составот на МЗТ победи со 91-76 .
Аеродромци подобро го отворија натпреварот и имаа предност во првите три минути. Сепак, го гостинскиот тим вво продолжението одигра многу подобро.
Феникс во 9.мимута ја имаше и првата двоцифрена предност 14-24, а на првата пауза замина со седум позитива 17-14.
Веќе на стартот на втората четвртина Феникс повторно дојде до +10 (17-27). Тука подзадтанаа избраниците на Дервишевиќ, па му овозможија на шампионот да дојде до израмнување 29-29. Минимална предност гостите имаа до 19.минита која Смит со 19-тиот поен (21 прво полувреме) му донесе водство на МЗТ 41-39. На паузата се замина со израмнети 43-43.
По нецели четири минути игра во второто полувреме до тројката на Магдевски, МЗТ за прв пат дојде до двоцифрена предност 56-45. На крајот на триесетата минута аеродромци имаа 12 поени предност (69-57). Искусниот тим на шампионот знаеше како да ја одржува таа предност и на крајот заслужено да оствари победа.
Американцит, Смит со 25 поени (21 во првото полувреме) и Мекејдн со 15 беа најефикасни во победничкиот тим.
Кај Феникс прв стрелец беше Јужносуданецот, Рахама со 21 поен и 9 скокови, но и шест изгубени топки .
МЗТ Скопје им се приклучи на Пелистер, ТФТ и Куманово, тимови кои имаат по две победи.