Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута.
Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс и Борнмут ремизираа со 2-2.