Е. Пелистер до очекувана победа над Струга

Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер со победа го отвори 4.коло од Супер лигата.

Битолчани без проблеми ја совладаа Струга со 45:24 (20:16). Неизвесно беше само во првите 18 минути, а потоа домашниот тим ја потврди фаворитската улога.

Најефикасен на дуелот беше Рудолф Хакбарт со 9 голови, а Петар Атанасијевиќ постигна 8.

Со оваа победа Е.Пелистер изби на чело на табелата со 7 бодови, еден повеќе од Вардар, но и натпревар повеќе.

Сите други натпревари од оваа рунда се играат во сабота а двојките се: Еурофарм Пелистер 2 – Охрид, Радовиш – Алкалоид, Прилеп – Пролет, МРК Куманово – Бутел и Тиквеш – Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО