Иако во англиските медиуми тврдеа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Уго Екитике со одземање на две недели плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон што го доби во Лига купот против Саутемптон, Арне Слот го негираше тоа.
Да ве потсетиме дека Екитике го заработи вториот жолт картон со соблекување на дресот откако го постигна голот за победа, заборавајќи дека веќе бил опоменат.
„Не доби казна. Она што го направи не беше многу паметно, но веднаш го препозна самиот и им се извини на соиграчите. Тој е млад, а играчите од сите возрасти прават грешки. Сите правиме грешки и во овој клуб ви е дозволено да направите грешка без веднаш да добиете казна“, рече тренерот на Ливерпул, Слот и продолжи:
„Тој е одличен човек и мислам дека секој член на персоналот би го рангирал меѓу тројцата најљубезни луѓе со кои работат. И дури и да не беше, му е дозволено да прави грешки.“
Екитике ќе го пропушти натпреварот од Премиер лигата оваа сабота против Кристал Палас поради црвен картон.