Ерлинг Халанд ќе остане во Манчестер сити до крајот на кариерата. Водечкиот британски фудбалски „инсајдер“ Дејвид Орнштајн, утрово објави дека англискиот шампион постигнал и 24-годишниот напаѓач се согласиле актуелниот договор на Халанд да биде продолжен до 2034 година.
Исто така, споредено со претходниот договор што го потпиша кога пристигна на Островот во јули 2022 година во трансфер вреден 60 милиони евра, сите излезни клаузули се отстранети, па во следните девет и пол години Сити ќе одлучува дали напаѓачот ќе биде ставен на продажба и за која сума.
Ривалот на Орнштајн, Фабрицио Романо, сепак вели дека ќе има излезни клаузули, но клаузулите ќе почнат да важат од 2029 година и дека „цената ќе биде многу висока“.
Јасно е дека со новито договор, Халанд ќе добие и повисока плата но Орнштајн не откри колку ќе заработува Норвежанецот.
Според актуелниот договор неговата месечна плата изнесува 2,1 милион фунти, на годишно ниво тоа се 25,3 милиони фунти.
Халанд постигна 111 гола и забележа 15 асистенции на 126 настапи за Сити. За две сезони на „Етихад“ освои две шампионски титули во Англија, ФА Купот, Комјунити Шилд и Лигата на шампионите.