Менаџментот на Манчестер Јунајтед донесе одлука, актуелниот играч на тимот Маркус Рашфорд да не биде продаден или пак одстапен на некој друг тим од Премиер лигата. Напаѓачот не е во плановите на новиот менаџер Рубен Аморим, и клубот бара решение што со Рашфорд.
Јавноста шпекулираше со евентуален негов трансфер во Арсенал, Тотенхем или Вест Хем, но Јунајтед ќе стопира секоја таква опција. Очигледно дека клубот смета дека не би требало да засили директен ривал.
Од друга страна Милан беше клубот кој пројави најголем интерес за позајмица за Рашфорд но „коцките“ треба допрва да се поклопат за овој дил.
Сепак, Милан и натаму останува голем фаворит за привлекување на 27.годишниот напаѓач. Агентот на играчот се уште е во Италија за да го протурка договорот. Според новинарот Бен Џејкобс, раководството на „Росонерите“ мора да одлучи дали повеќе сака да го земе Рашфорд или десниот бек на Манчестер Сити Кајл Вокер, бидејќи клубот не може да си ги дозволи платите на двајцата.