Ракометарот на Португалија, Мигел Мартинс нема да игра за својата репрезентација на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Играчот на дански Олборг, неколку часа пред првиот натпревар на Португалија против САД паднал на допинг тестот.
Мартинс е еден од најдобрите играчи во португалската репрезентација, има постигнато 243 гола на 108 настапи. Од актуелниот состав повеќе голови од неги постигнале само Педро Портела (483), Фабио Магалхаес (351) и Антонио Ареја (285).
Неговиот клуб, Олборг, објави дека Мартинс нема да игра на 29.Светско првенство.
„Секако дека тоа е голем шок за нас. Веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој е збунет исто како и ние и инсистира дека не направил ништо нелегално. Тој веднаш побара да му биде направен „Б“ тест, за да докаже дека не направил ништо нелегално, но сигурно е дека нема да учествува на Светското првенство“, изјави директорот на Олборг, Јан Ларсен и додаде:
Наместо Мартинс, селекторот на португалската репрезентација Пауло Переира го повика Мигел Оливеира од Порто.
Мартинс оваа сезона за Олборг постигна 22 гола и забележа осум асистенции на 10 натпревари во Лигата на шампионите. Португалците денеска од 18 часот ќе го отворат Мундијалот со против САД. Во оваа група подцна ќе играат Норвешка и Бразил.