Тренерот Гоце Седлоски денеска кажа дека е свесен за предизвикот кој ги чека и останува да покажат дека Вардар во моментов не се наоѓа на местото на кое заслужува да биде.
– Секој натпревар во втората полусезона за нас ќе биде како финале. Ќе го нападнеме и трофејот во Купот. Потребни ни се уште два-три фудбалери во овој преоден рок за да го комплетираме составот. Ќе се обидеме да го кренеме Вардар на повисоко ниво, фокусирани сме и ќе дадеме сè од себе, вели Седлоски.
Вардар по 18 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место во лигата со 13 освоени бодови.