Бразилецот Нејмар (32) го држи рекордот за најголем трансфер во историјата на фудбалот вреден 222 милиони евра колку што ПСЖ и плати на Барселона во август 2017 година.
Сега на интернет се споделува фотографија од чекот што овозможил реализација на тој трансфер. На 3 август 2017 година, Барселона објави дека адвокатите на Нејмар уплатиле 222 милиони евра, колку што изнесуваше ослободителната клаузула во неговиот договор.
El cheque que cambió la historia del fútbol 🤑🤑🤑
💰 222M de euros del PSG para pagar al Barça la cláusula de rescisión del contrato de Neymar @JuanmaDiaz65 y Albert Masnou desgranan todos los detalles⤵️⤵️https://t.co/nPCPELfUCI pic.twitter.com/wU4HAzQgb4
— Diario SPORT (@sport) December 18, 2024
На фотографијата може да се забележи дека чекот испратен до Барселона не е од Пари Сен Жермен, туку до Катарската национална банка. Моментално Нејмар е член на Ал Хилал, клуб од Саудиска Арабија кој му плаќа околу 120 милиони евра по сезона.
Од пристигнувањето во летото лани, тој одигра само седум натпревари, постигна само еден гол и трипати асистираше. Во кариерата покрај Барселона и ПСЖ настапуваше и за Сантос.
Нејмар долго време не играше поради повреди. Неговиот кошмар почна по Светското првенство (СП) во Катар 2022 година.
Тој паузираше 131 ден поради операција на скочниот зглоб, 30 дена поради повреда на мускулот, а потоа ги скина вкрстените лигаменти кои го задржаа надвор 366 дена. Во ноември го повреди мускулот, на мечот од азиската Лига на шампиони во кој Ал Хилал на домашен терен го победи Естеглал со 3:0.