Амброш Мартин ќе го води Крим Меркатор во ЛШ

Амброш Мартин е нов тренер на словенечкиот Крим Меркатор, јавија регионалните медиуми. Соработката со Мартин доаѓа откако оставка поднесе Драган Аџиќ, а договорот со новиот стратег е со важност до крајот на тековната сезона.

Се работи за одличен стручњак со богато резиме, дури четири пати ја освои Лигата на шамионите со унгарскиот Ѓер и петпати беше избран за најдобар тренер во елитното натпреварување.

Беше селектор на Русија и Романија и Шпанија, а на клупски план го предводеше и тимот на Ростов. 56-годишниот Шпанец пристигна во Словенија и веднаш започна со подготовки за следните предизвици во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО