Еден од најдобрите играчи во Европа повторно ги одби Баерн и Реал

Германските медиуми објавија дека 21-годишниот Флоријан Вирц, член на актуелниот шампион Баер Леверкузен, го продолжил договорот со клубот.

Ова би требало да биде одговорот на сите шпекулации дека германскиот интернационалец ќе го напушти Баер на крајот од сезонава. Во моментов Вирц е еден од фудбалерите со најдобра форма во Европа, а интересирањето на многу врвни клубови за него е големо.

Вирц има актуелен договор со Баер до јуни 2027 година, а медиумите пренесуваат дека тој го продолжил за уште една сезона. Од клубот не соопштија ништо официјално во врска со ова.

Од почетокот на професионалната кариера, од 2020 година, Вирц е член на Баер, а сезонава на 14 настапи даде шест гола и имаше четири асистенции.

Во кариерата Вирц забележа 29 настапи за германската репрезентација и постигна шест гола. Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата со 33, додека Баер е на второто место со 29 бода.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО