(ФОТО) Оскар Писториус има нова девојка која многу личи на убиената!?

Познатиот параолимписки спринтер Оскар Писторијус (38) кој ја убил својата девојка Рива Стинкамп, во нивниот дом во Преторија, Јужна Африка во 2013-та, 11 месеци по излегувањето од затвор живее сосема нормално, како ништо да не се случило.

Неодамна се дозна дека Писториус има нова девојка, на што реагираше мајката на убиената Стинкамп. Во интервју за британскиот таблоид, Сан (The Sun) таа испрати предупредување до девојката која е во врска со параолимпиецот.

„Не можам да разберам како не гледа толку многу „црвени знамиња“ во него, не е дека го решил проблемот со својот темперамент. Требаше да оди на работилници за справување со гнев додека беше во затвор, а слушнав дека некое време не било така…“, рече неутешната мајка на Стинкамп.

Според неофицијални информации, новата девојка на Оскар Писториус е претприемачката Рита Грејлинг, со која се’ уште не е виден во јавноста, но јужноафриканските медиуми пишуваат за нив двајца со месеци, потенцирајќи дека многу личат.


Писториус ја убил својата девојка на Денот на вљубените во 2013 година, пукајќи низ вратата од бањата. Според неговите зборови, пукал затоа што мислел дека е провалник и нагласил дека не сакал да ја убие својата девојка.

Писториус е освојувач на шест златни медали на Параолимписките игри, а има и едно сребро и една бронза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО