Синоќа на “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, Барселона со 2:3 славеше во меч од Лигата на Шампионите. По завршување на мечот се очекуваше експедицијата на Барса, со својот чартер, да се врати веднаш дома. Сепак стратегот Ханси Флик одлучил да се преспие во хотелот и денеска утринава да се отпатува во Барселона.
Во меѓувреме Дортмунд и дефинитивно покажува дека е голем клуб. Имено Германците му се јавиле на Флик и му рекле дека утринскиот, релаксирачки тренинг може да го одржи на нивниот тренинг – камп центар.
Тоа Барса и го направи, тренираше во кампот на Дортмунд.
Секоја чест за Германците, кои на крај да кажеме дека беа поразени од Барселона со 2:3 на свој терен.