Ѕвездашите добија „мрсни“ премии за победата над Штутгарт во ЛШ

Црвена ѕвезда утревечер од 21 часот му гостува кај Милан, во Лигата на шампиони (ЛШ). Во пресрет на шестото коло обелоденети се и премиите кои фудбалерите на српскиот клуб ги добија за победата над Штутгарт (5:1) на крајот од ноември.

Познато е дека победа во ЛШ на секој клуб ни носи заработка од 2,1 милиони евра. Од таа сума челниците на Црвена ѕвезда решиле секој првотимец да го награди со по 65.000 евра, а резервистите со половина од таа сума, откриваат српските медиуми.

Парични награди ќе добие и Стручниот штаб, но не се знае во колкав износ. Парите наводно биле уплатени ден по победата над германскиот вицешампион.

Ѕвезда има три бода и е на 31. место во конкуренција на 36 клуба во ЛШ. Во осминафиналето директно ќе се пласираат осумте првопласлирани, за осминафиналето ќе разигруваат екипите од 9 до 24-то место, а останатите, од 24-та до 36-та позиција, ќе бидат елиминирани.

Белградскиот клуб до крајот на првата, лигашка фаза, ќе игра против ПСВ (дома) и Јанг бојс (на гости). Доколку го победат и Милан, играчите на Звезда ќе добијат нови премии.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО