Вест хем го совлада Вулверхемптон Вондерерс со 2:1 (0:0) во натпреварот од 15. коло во англиската Премиер лига одигран на Олимпискиот стадион во Лондон.
По првото полувреме без голови, Чехот, Томаш Соучек му донесе водство на Вест хем во 54. минута. Мет Доерти израмни во 69. минута, а Џерод Бовен во 72. минута зголеми на 2:1.
Вест хем ја постигна петтата победа, но со 18 бодови остана на 14. позиција. Вулверхемптон го претрпе 10-от пораз, па со девет бода се наоѓа на претпоследното, 19. место.
Лидерот Ливерпул на 14 натпревари собра 35 бода, четири повеќе од второпласираниот Челзи, кој има натпревар повеќе.