Флик „урлал“ во соблекувалната по ремито со Бетис: Не давате 100% од себе!

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик беше лут на играчите по ремито со Бетис во викенд колото. Како што пишуваат шпанските медиуми, тренерот на Каталонците им се обратил со остри зборови на фудбалерите во соблекувалната, испраќајќи порака:

-Или ќе играме сто проценти, или нема да победиме.

Флик исто така ги повикал играчите да ја променат сликата на теренот што е можно поскоро. Забележано е дека играчите биле депресивни по натпреварот, особено што по нив Реал Мадрид славеше над Жирона од 3:0.

Во шпанското првенство Барселона е лидер со 38 бода од 17 натпревари, а Реал заостанува 2 бода со натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО